Претеруваат турските медиуми околу настапот на Вардар во Лига Европа!

Очигледно уште не можат да се помират, односно не можат да ја заборават елиминацијата која ја претрпе Фенербахче во плеј-офот за настап во групната фаза оваа сезона во Лига Европа на двомечот со македонскиот шампион Вардар.

Годинава Македонија го имаше најголемиот клупски успех во историјата на меѓународната сцена, за прв пат една наша екипа беше дел од групите во УЕФА натпреварувањата.

Секоја чест и почит кон турскиот фудбалски гигант Фенербахче кој има славна и богата историја, со голем број настапи во групни фази на Лигата на шампионите и Лига Европа, достигнувајќи далеку, и без сомнение сигурни сме дека повторно ќе се крене и дека во блиска иднина се врати во европскиот крем.

Но, од друга страна големите екипи знаат и се свесни дека во фудбалот постојат и лоши моменти и се продолжува понатаму, се прават анализи, се учат од грешките, за понатаму да бидат уште подобри.

Турските медиуми уште од самиот почеток го следеа настапот на Вардарци во групата Л со Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг.

Да, точно ова беше прва дебитантска сезона за клубот и една македонска екипа која ја гледаме во групна фаза на ЛЕ, и за тоа сме среќни сите како нација и се надеваме дека и во наредните години ќе бидеме сведоци да гледаме наши претставници рамо до рамо со најсилните клубови, како што и изјави вчера на пресот тренерот Чедомир Јаневски.

Да, точно, резултатите не беа најдобри, голем број на примени голови, многу силни и квалитетни клубови со доста фудбал во нозете, скапи имиња, иако на крајот не е така се црно. Избраниците на Јаневски во дел од мечевите беа рамноправни, вчера беа и блиску да дојдат до првата победа, на крајот ремизираа со норвешкиот Розенборг (1:1).

Зошто толкава љубомора кон една екипа која фер, борбено и чесно го елиминираше Фенер со две чисти победи (2:0 и 2:1)?

После таквите резултати, турските медиуми го анализираа настапот на Вардар, велејќи дека се изненадени и шокантни од перформансите кои ги имале „црвено-црните“ во групната фаза со само еден освоен бод на последното четврто место.

Турските медиуми евидентно не следеле добро што се случува во сите групи на ЛЕ, мислејќи дека немало клуб кој постигнал помалку голови од Вардар.

Напротив, Вардар имаше три, повеќе од чешкиот Злин и израелскиот Макаби Тел Авив кои имаа само по еден постигнат гол во своите групи.

Резултатите и перформансите на Вардар во групата „Л“:
Вардар-Зенит 0:5
Розенборг-Вардар 3:1
Вардар-Реал Сосиедад 0:6
Реал Сосиедад-Вардар 3:0
Зенит-Вардар 2:1
Вардар-Розенборг 1:1

Да, точно Вардар може е најлош од аспект на примените голови оваа сезона, и од тоа нема бегање или срам. За македонскиот шампион ова беше едно значајно и огромно искуство, и дека нормално не е лесно во вакво силно второ по квалитет европско фудбалско натпреварување.

Да, Фенербахче може има подобри услови и стадиони за тренинзи и одржување натпревари, Вардарци мораа својот европски пат да го кројат играјќи на различни терени до постигнувањето на целта, да не ги заборавиме и навивачите на тимот, верните „Комити“ кои ја даваа(т) неопходната поддршка од трибините.

Самиот настап на Вардар оваа есен треба само да биде мотивација за уште повеќе да работат сите македонски фудбалски екипи надевајќи и верувајќи дека повторно јавноста ќе има можност да следи врвни мечеви, затоа што кај нас и не се гледаат така често ваков тип на натпревари.

А за турските медиуми можеме да кажеме само благодариме што го следевте Вардар, но повеќе нека се насочат кон Фенербахче што фактички се случи со него и зошто беше елиминиран во плеј-офот за Лига Европа. И уште нешто, зошто ги заборавате искрените аплаузи од навивачите на Фенербахче кон играчите на Вардар кои славеа среде Истанбул?

Фото: fkvardar.mk