Прекрасен погодок на Јаховиќ од слободен удар против Кајсериспор! (ВИДЕО)

Екипата на Коњаспор освои три важни бодови во борбата за опстанок…

Денеска во рамките од 26. коло во најсилното турско фудбалско првенство екипата на Коњаспор на домашен терен со 2:0 го совлада Кајсериспор.

Првиот гол за домаќините го постигна Камерунецот Самуел Ето`o уште во четвртата минута од средбата, додека македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ го постави конечниот епилог со прекрасен гол од слободен удар во самиот финиш од средната на стадионот „Коња Бујукшехир Беледије“.

Нашиот играч настапи од 72. мин. како замена за Ето’o. На табелата и понатаму Коњаспор е во опасната зона на претпоследната 17. позиција со 24 бодови, три помалку зад засега „безбедниот“ Османлиспор на 15. позиција, а токму овие две екипи ќе се сретнат во следната лигашка рунда на 1. април.