Познат главниот судија за мечот в четврток меѓу Вардар и Реал Сосиедад

В четврток (19. октомври) со почеток од 19:00 часот на Националната Арена „Филип Втори“ – Скопје македонскиот шампион ќе го игра третиот натпревар сезонава во групата Л од Лига Европа.

Нов противник на Вардар е шпанскиот состав на Реал Сосиедад кој изминатиот викенд во Примера триумфираше на гости кај Алавес со 0:2, додека „црвено-црните“ со пресврт ја совлада екипата на Шкендија (4:2).

Познат е главниот судија кој ќе дели правда на дуелот Вардар-Реал Сосиедад, станува збор за Алијар Агајев од Азербејџан, ќе му помагаат неговите сонародници, асистентите Зејналов и Мамадов, како и четвртиот арбитар Хашимов.

Агајев веќе еднаш му судеше на Вардар и тоа во сезоната 2015/2016 во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите на гости против кипарскиот АПОЕЛ (0:0).

Исто така веќе има искуство од водење мечеви во групната фаза на Лига Европа, им судел на пример на Рома, Шалке, Ница…