Повреда на Зејнулаи, Шкендија ќе тестира со прилепска Победа!

Есенскиот шампион Шкендија ги продолжува зимските подготовки пред настапот во пролетниот дел од сезоната…

Тетовските „црвено-црни“ предводени од тренерот Ќатим Османи на 16. јануари (вторник) ќе го имаат контролниот натпревар против Победа од Прилеп кој што ќе се одржи во Охрид.

Исто така од клубот известуваат дека со повреда се здоби новиот играч од средниот ред Арбин Зејнулаи за време на една рутинска вежба доживеа фрактура на 5-та лева метатарзална коска.

Веднаш левата нога се најде во гипс и ќе го задржи вкупно четири недели, а потоа новите тестови ќе покажат дали опоравувањето поминало добро. Воедно се врати и во Тетово и информациите велат дека ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Фото: kfshkendija.com