Потврдено: Демири започна да тренира во украинскиот клуб Мариупол!

Откако во изминатиот период спогодбено се раздели со македонскиот шампион Вардар…

Нашиот репрезентативец Бесир Демири веќе пристигна во Турција моментно тренира според индивидуална програма во украинскиот фудбалски клуб Мариупол.

Тој ни се приклучи во текот на вчерашниот ден. Работи индивидуално, сеуште не е подготвен 100%, но се надевам дека ќе се врати во потребната форма и во блиска иднина биде со останатите играчи.

Очекуваме во најскоро време Демири да настапи на натпреварите од шампионатот каде што исто така ќе ја темпира формата и настапи заедно со останатите“, рече тренерот на Мариупол за каналот „Футбол 1“, Александар Бабич.

23-годишниот одбранбен играч во есенскиот дел од сезоната во нашето првенство за „црвено-црните“ имаше 10. одиграни натпревари.

Мариупол сезонава во најсилната украинска лига после 18. кола е на седмото место со 23 бодови, 19 помалку зад лидерот Шахтјор Доњецк.