Потврда од ФФМ: Македонија ќе игра пријателски меч против Норвешка!

Како што и претходно се најавуваше, тоа денеска го официјализираа од Фудбалската федерација на Македонија.

А сениорската репрезентација на Македонија ќе игра пријателски натпревар на 11. ноември во Скопје против Норвешка.

Дуелот ќе се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, против Норвежаните досега имаме одиграно три меѓусебни дуели.

Во квалификациите за СП 2010 година одигравме натпревар без голови во главниот град (0:0), додека на гостувањето во Осло загубивме со резултат 2:1.

Во 2013 година на пријателски натпревар во споменатата норвешка престолнина бевме поразени со 2:0. Норвешка е рангирана на 58. место на листата на ФИФА, додека вчера избраниците на селекторот Игор Ангеловски направија уште еден голем напредок од 18 позиции за моментно 85. место.