Португалија: Ристовски асистираше во новата победа на Спортинг Лисабон! (ВИДЕО)

Во рамките од 30. коло во најсилното португалско фудбалско првенство нови три бода за Спортинг Лисабон…

На гостински терен избраниците на тренерот Жезус во еден неизвесен натпревар полн со голови триумфираше со резултат 3:4 против Белененсеш.

За гостите целиот меч го одигра македонскиот интернационалец Стефан Ристовски кој асистираше при третиот погодок на неговиот клуб во 41. мин. за 1:3, стрелец беше Аргентинецот Акуња.

На табелата води Порто со 76 бодови, два повеќе од второпласираната Бенфика, додека Спортинг е на третата позиција (71), пред Брага на четвртото место (68).