Поради трансферот во Тајланд, Ѓуровски ја завршил репрезентативната кариера!

Многу често се употребува изразот „фудбалски глобтротер“ и „егзотична лига“…

Но, за Марио Ѓуровски слободно може да се каже дека е вистински фудбалски глобтротер и дека навистина игра во егзотична лига.

Тој е свеж од завршената сезона во Бангкок (Тајланд), без проблеми пристапи да одговори на неколку прашања за „Sport Klub“.

Неговиот учинок на 34 мечеви во сите натпреварувања беше фантастични 17 голови и исто толку асистенции.

Ѓуровски запиша „само“ 12 настапи за македонската репрезентација, но уживаше во секоја минута и тие спомени ќе му останат посебно драги.

Македонија – репрезентација: настапи и време кои никогаш нема да ги заборавам. Со доаѓањето на Тајланд и понатаму бев поврзуван (Џон Тошак во тој момент беше селектор), но во договорот со тогашниот клуб Муанг Тонг, ја стопирав својата репрезентативна кариера.

Од причина што лигата не ги следеше термините на ФИФА и УЕФА, и фактички би пропуштил повеќе од 10 натпревари во првенството. Тоа беше невозможно и одлучив да прекинам да играм за репрезентацијата“, рече Ѓуровски за „sportklub.rs“.

За сениорскиот дрес имаше два голови, еден во пријателскиот меч против Азербејџан и во евро-квалификациите 2012 со Ерменија.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ НА МАРИО ЃУРОВСКИ ЗА „SPORT KLUB“ МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ТУКА