Полн стадион и поддршка за Вардар на последниот европски меч

Останува уште помалку од една седмица од последниот натпревар на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, во оваа историска сезона во која што македонскиот шампион направи историја, и стана првата екипа од нашата земја кој што учествува во групите на едно европско УЕФА натпреварување. 

Натпреварот со норвешки Розенборг ќе се игра во четврток на 7-ми декември на Националната Арена „Филип Втори“ – Скопје со почеток во 21:05 часот.

Клубот посакува полни трибини за овој последен меч од групата, за да испише уште еден дел од историјата, со тоа што ќе дојде до првите бодови во групната фаза.

Билетите за овој натпревар се веќе во продажба. Набавете билет на следните продажни места, и дојдете да го проследиме и шестиот настап на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа, со надеж дека нашиот најдобар македонски клуб ќе стигне до првите бодови. 

Ова беше европска „бајка“ за паметење, нека биде така и на последниот дуел. Во последните месеци имавме чест да ја гледаме македонската фудбалска гордост меѓу најдобрите  тимови од Лигата на Европа.

За играчите како и за сите кои што се дел од „црвено-црните“ е едно огромно искуство. Време е сето тоа да биде заокружено со бодови и, конечно, со радост во четврток навечер“, известуваат од ФК Вардар.

Фото: fkvardar.mk