„Полесен пат“ до ЕУРО 2020: Македонија ќе биде носител во Лигата Д!

Како што знаете, во пресрет на Европското првенство 2020. година, ќе имаме прилика да гледаме уште едно репрезентативно натпреварување – новоформираната „Лига на Нации“.

Македонија врз основа на актуелниот УЕФА коефициент е рангирана во последната четврта категорија, ќе игра во „Лига Д“, а како што се најавува на 24. јануари 2018. година ќе се одржи ждрепката за ова натпреварување.

УЕФА денеска ги објави сите шешири пред ждрепката во сите лиги, а македонската репрезентација е сместена во четвртиот шешир за Лигата Д.

Таму Македонија е носител во првиот шешир заедно со селекциите на Азербејџан, Белорусија и Грузија и тие не можат да ни бидат противници.

Лигата Д ќе биде организирана така што репрезентациите ќе бидат распоредени во четири групи со по четири репрезентации.

Победниците од секоја група ќе обезбедат пласман во повисок ранг, односно Лигата Ц за изданието 2020.

Потсетување, од квалификациските групи ќе добиеме вкупно 20 репрезентации кои ќе играат на Европското првенство 2020. година.

Останатите четири ќе ги дознаеме преку баражот, а во него ќе учествуваат победниците на групите од „Лигата на Нации“. Значи, секоја лига (А, Б, Ц и Д) ќе даде по еден претставник и така ќе се пополни квотата од 24 репрезентации кои ќе играат на ЕУРО 2020.

Лига А

Шешир 1: Германија, Португалија, Белгија, Шпанија
2: Франција, Англија, Швајцарија, Италија
3: Полска, Исланд, Хрватска, Холандија.

Лига Б

Шешир 1: Австрија, Велс, Русија, Словачка
2: Шведска, Украина, Република Ирска, Босна и Херцеговина
3: Северна Ирска, Данска, Чешка, Турција.

Лига Ц

Шешир 1: Унгарија, Романија, Шкотска, Словенија.
2: Грција, Србија, Албанија, Норвешка.
3: Црна Гора, Израел, Бугарија, Финска.
4: Кипар, Естонија, Литванија.

Лига Д

Шешир 1: Азербејџан, Македонија, Белорусија, Грузија
2: Ерменија, Латвија, Фарски Острови, Луксембург
3: Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн, Малта
4: Андора, Косово, Сан Марино, Гибралтар

„Лигата на нации“ која според многумина претставува замена за досегашните пријателски натпревари, ќе започне на 6. септември 2018. година, а групната фаза ќе заврши на 20. ноември. Во декември е ждрепката за „фајнал-фор“, а самиот турнир од 5. до 9. јуни.

Фото: uefa.com