Победа и Штерјовски спогодбено се разделија

По вчерашниот пораз од Работнички, втор на свој терен а вкупно трет во 6-те кола од почетокот на сезоната на Првата лига прекината е соработката на ФК Победа и досегашниот Шеф на Стручниот штаб Зоран Штерјовски.

Лошите резултати и само само 5-тте освоени бодови беа причина Штерјовски да понуди оставка која од клупското раководство е прифатена а денес е реализиран и формалниот дел околу раскинот а договорот.

За ден-два се очекува да биде назначен негов наследник откако раководството ќе пресече по разговорите со повеќе тренери кои се во тек. Денешниот претпладневен тренинг на екипата го водеа помшниците Вршкоски и Кебакоски.

Leave a Reply