Пипо Инзаги: Несторовски би можел да игра и во клубови од Серија А!

Тренерот на Венеција и поранешната фудбалска легенда на Милан, ги сподели очекувањата во пресрет на новиот натпревар од Серија Б од 17. коло в сабота од 18:00 часот на гостувањето кај Палермо.

Филипо Пипо Инзаги и неговиотк клуб се рангирани моментно на шестата позиција со 25 бодови, додека Палермо на македонските интернационалци Илија Несторовски и Александар Трајковски го имаат второто место со 28, еден помалку зад водечкиот Бари.

Што ми се допаѓа кај Палермо? Сè! Кога ќе помислите на Несторовски, тој е играч кој би можел да игра и во клубови од Серија А.

Минатата сезона играше многу добро во Серија А, постигнувајќи голови на скоро сите натпревари. Потоа, можам да ги издвојам уште Коронадо, Трајковски, Ембало.

Во средниот ред ги имаат Јајало, Чочев, Гнахоре, во делот на одбраната Рисполи, Алесами, како и голманите. Ќе биде задоволство за моите играчи да му се спротивстават на фаворитот“, рече Инзаги, тренерот на Венеција.