Пионерската фудбалска репрезентација со пресврт до финале на турнирот во Сараево!

Пионерската фудбалска репрезентација на Македонија денеска на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево (Босна и Херцеговина) се сретна во полуфиналето против селекцијата на Сараево и Источно Сараево.

На меѓународниот меморијален турнир „Јосип Каталински Шкија“, триумфираа нашите надежи со конечен резултат 4:1.

Два голови постигна Таипи во 50. и 68. мин., а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Незири (56.) и Беровиќ (59.)

Единствениот погодок за Сараево и Источно Сараево го постигна Незировиќ во 10. мин. од слободен удар. Во финалето против победникот од вториот полуфинален меч помеѓу БиХ и селекцијата на Град Белград.