Петровиќ до крајот на сезоната останува на позајмица во Романија!

Како што известуваат од хрватскиот клуб Осиек, македонскиот интернационалец останува во Сепси.

Милован Петровиќ дојде во романската екипа како позајмица од Осиек кој вели дека нашиот играч стандардно играше досега за Сепси и реално е таму да остане до лето.

После 22. кола Сепси во најсилната романска лига е на претпоследната 13. позиција со 15 бодови, а Петровиќ има вкупно 13. одиграни натпревари.

Од друга страна Осиек е на третата позиција со 36 бодови во најквалитетната хрватска лига, Музафер Ејупи од 17. мечеви има два погодоци.