Палермо потврди: Македонија без Несторовски против Норвешка!

Италијанскиот второлигаш откако претходно преку претседателот на клубот Маурицио Зампарини испрати писмо до ФФМ да не го повика Илија Несторовски за пријателскиот натпревар против Норвешка…

Палермо денеска потврди дека е прифатена молбата и ќе го на располагање својот најдобар голгетер за наредниот меч од Серија Б против Кремонезе, исто така важен во борбата за една од позициите на табелата кои водат наредната сезона во Серија А.

Палермо изрази благодарност до ФФМ на чело со Илчо Ѓорѓиоски, изразувајќи голем почит, фундаментални вредности и соработка:

Официјално му се заблагодарувам на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и лично ќе му се заблагодарам. Ова е фудбалски свет, кој треба да биде исполнет со соработка и добра работа“, рече Зампарини за „palermocalcio.it“.

Да потсетиме, Македонија на Националната Арена „Филип Втори“ – Скопје против Норвешка ќе игра на 11. ноември, а на 12-ти Палермо ќе гостува кај Кремонезе. На табелата во Серија Б во некомплетното 13. коло води Палермо со 22 бодови, два повеќе од Емполи, Фросиноне и Парма.

Останува да се види дали селекторот Игор Ангеловски ќе повика нов напаѓач, засега во делот на нападот се Трајковски, Пандев и Тричковски, но и да не заборавиме дека можат да придонесат и играчите од од средниот ред како Хасани, Алиоски, Барди, Адеми, Радески, секако и неисклучувајќи ја и одбраната.