Османи после доминацијата во Битола: Радува фактот што и други играчи постигнуваат голови!

Седум бода ја делат Шкендија од шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ)…

Тетовскиот фудбалски клуб предводен од тренерот Ќатип Османи со победата од 0:6 над Пелистер во Битола направи уште еден чекор напред кон остварување на целта оваа сезона.

Ова е трет пат во сезоната „црвено-црните“ да постигнат шест гола на еден меч, претходно тоа го направија во дуелите со Ренова (6:1) и Работнички (6:2).

Најновата голеада измами аплаузи од страна на гледачите на стадионот под Тумбе Кафе за фудбалерите на Шкендија.

Доминантна игра, убава игра која резултираше со шест гола. Секоја победа за нас е добредојдена, но воедно радува и самиот начин преку кој остваривме нов триумф.

Кога играте толку убедливо и самата публика го препознава тоа и затоа бевме наградени со аплаузи за нашите перформанси на теренот.

Радува и фактот што Шкендија постигнува голови и со други играчи, не само преку оние што сме навикнати да ги гледаме“, рече Османи.

Најефикасни стрелци и воопшто досега во шампионатот се двајцата фудбалери на Шкендија, Хасани (19) и Ибраими (16), а на дуелот против Пелистер по еднаш во листата на стрелците се запишаа Бојку, Фазлагиќ, Бејтулаи, Стенио Жуниор, Алими и Радески.