Официјално: Хуан Фелипе не е повеќе фудбалер на Вардар!

Хуан Фелипе Алвес и Вардар се договорија спогодбено да го раскинат договорот, со што Бразилецот повеќе не е дел македонскиот фудбалски клуб.

Ги бранеше боите на „црвено-црните“ од летото 2015 година, кога пристигна од таборот на бугарската екипа на ЦСКА Софија. Во досегашните нешто повеќе од две и пол сезони, фудбалерот од средниот ред на изминатите 112 натпревари, постигна 28 голови во дресот на Вардарци.

Му се заблагодаруваме на Фелипе за досегашниот придонес во „црвено-црниот“ дрес, за неговите одлични настапи во првенството, Купот, во Европа во Лигата на шампионите и во историските мечеви од групната фаза од Лигата на Европа.

Неговите голови против Розенборг, против Шкендија, асистенцијата со Фенебахче кога ја запишавме историјата со победата во Истанбул, вечно ќе останат запишани во меморијата на сите кои го сакаат и навиваат за овој клуб.

Беше чест што го имавме во составот во овие изминати сезони и уживавме во неговите настапи, голови, аситенции. Ти благодариме Хуан Фелипе, и ти посакуваме многу среќа и успех во понатамошната кариера!“, информираат од фудбалскиот клуб на Вардар.