Нов погодок на Спировски во убедливата победа на Ференцварош

Во пријателски натпревар помеѓу унгарски екипи Ференцварош убедливо со 0:4 го совлада Шекшарди…

Овој контролен меч е подготовка пред продолжението од сезоната, свој придонесе во победата имаше Стефан Спировски.

Македонскиот интернационалец стрелаше во второто полувреме, поточно во 51. минута од средбаа за зголемување на водството (2:0).

Гориаран двапати се запиша во листата на стрелците (77. и 81 мин.), а еднаш Варга кој ја започна гол-серијата уште во третата минута од пенал.