Нов гол за Андонова во убедливата победа на Барселона (ВИДЕО)

Најдобрата македонска фудбалерка придонесе со нов погодок во дресот на каталонскиот гигант…

Денеска во рамките од осмото коло во најсилното женско шпанско фудбалско првенство на домашен терен екипата на Барселона со 3:0 ја совлада Хуелва.

Двапати во листата на стрелците се запиша Гихаро во 35. и 53. минута, додека конечниот епилог го постави Наташа Андонова во 74. минута од средбата.

На табелата води Барса со 22 бодови, пред Атлетико Мадрид со 19 на втората позиција. Во следното коло Барса ќе игра дома на 12. ноември против Мадрид Ц. кој моментно е на 11. место со девет бодови, колку што има и Хуелва на 12-то.

ГОЛОТ НА АНДОНОВА ЗА 3:0 ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ВИДЕО ЗАПИСОТ: