Нов гол на Секулов за У16 тимот на Јувентус (ФОТО, ВИДЕО)

Македонската фудбалска надеж имаше нов гол во дресот на У16 тимот на Јувентус…

Во својот 26. натпревар од италијанската Серија А и Б за играчи до 16. години, Јувентус ремизираше со резултат 1:1 на гостувањето кај Торино.

Единствениот гол во градското дерби за „Старата дама“ го постигна нашиот млад репрезентативец Никола Секулов уште на самиот старт од мечот за водство.

на табелата на врвот е Јуве со 61 бод, пред второпласираната екипа на Новара (49), следуваат Џенова (47), Сасуоло (42), Сампдорија (42), Емполи (42), Фиорентина (39)…