Норвешка доаѓа со „кралот“ Одегард на пријателскиот меч со Македонија!

18-годишниот играч од средниот ред моментно настапува во холандската екипа на Херенвен како позајмица од Реал Мадрид. За норвешката сениорска репрезентација досега има вкупно 10. настапи.

Мартин Одегард се наоѓа во списокот на играчи кај селекторот на Норвешка Ларс Лагербек за пријателскиот натпревар против Македонија кој што ќе се одигра на 11. ноември на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Три дена подоцна Норвежаните ќе имаат контролен меч и против Словачка.

Составот на Норвешка за пријателскиот натпревар против Македонија на 11. ноември –

Голмани: Алменинг Јарстеин (Херта Берлин), Мајкл Грутебуст (Оденсе), Хаскјолд Ниланд (Инголштад).

Одбрана: Алесами (Палермо), Елабделауи (Олимпијакос), Нордвејт (Хофенхајм), Солберг Мелинг (Розенборг), Региниусен (Розенборг), Скјелвик (Розенборг), Свенсон (АЗ Алкмар), Валсвик (Ајнтрајт Брауншвајг).

Среден ред: Инге Бергет (Малме), Мелер Дели (Ст. Паули), Амине Елјунуси (Базел), Хенриксен (Хал Сити), Мариус Јохансен (Фулам), Линес (Галатасарај), Мидстјо (АЗ Алкмар), Кристиан Селнаес (Ст. Етјен), Торсби (Херенвен), Одегард (Херенвен).

Напад: Џошуа Кинг (Борнмут), Киркеволд (Хобро), Тофт Содерлунд (Ст. Етјен), Сорлот (Митјиланд).