Николов: Со вакво радување Шкендија покажа дека е мал клуб кој нема историја! (ФОТО)

Во последното дерби оваа сезона на Националната Арена „Филип Втори“, составот на Шкендија триумфираше со 2:3 против Вардар…

На тој начин тетовските „црвено-црни“ предводени од тренерот Ќатип Османи се наоѓаат на еден бод од шампионската титула која може да биде обезбедена во следното коло од Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ) на домашен терен против Шкупи.

Шкендија веднаш после триумфот ја прославија големата победа и на тој начин, иако сеуште неофицијално, ја најави прославата на новата титула, вкупно втора во клупската историја.

Освен на теренот, се славеше и во соблекувалната каде што играчите покажале воедно непрофесионализам и упатувале навреди кон фудбалскиот клуб Вардар. Повеќе информации околу тој настан можете да прочитате и погледнете ТУКА

Веднаш пристигна реакција од поранешниот член на Вардар, сегашен фудбалер на унгарската екипа на Видеотон огласувајќи се на својот Фејсбук профил:

Кога Шкендија ќе направи барем малку од тоа што го има ВАРДАР тогаш радувајте се…ама како луѓе… Уште еднаш покажавте со вакво радување дека сте мал клуб кој немате историја и ништо позади вас! Со исклучок на некои играчи од таму, кои без разлика на се’ јас ги почитувам и сум играл и играм со нив!

П.С: Почитувајте си ги колегите без разлика во кој клуб играте и покажете барем ‘трошка’ РЕСПЕКТ…Честито Титула !!! И не заборавајте…ЕДЕН Е ВАРДАР !!! Спортски поздрав“, напиша Николов.

Се огласи уште еден, но сегашен голман на Вардар, Филип Гачевски со критики кон својот поранешен тимски колега, Висар Муслиу кој веќе беше дел оваа сезона од Вардар настапувајќи и во групите на Лига Европа, го постигна победничкиот гол изминатото коло токму против својот поранешен клуб.