Несторовски втор стрелец после 13 кола во Серија Б (ФОТО)

27-годишниот македонски напаѓач досега има девет голови од 10 настапи сезонава во италијанската Серија Б во дресот на Палермо.

Моментно после 13. кола Илија Несторовски е на второто место на листата најдобри стрелци во шампионатот, само еден погодок помалку од играчот на Емполи, Франческо Капуто.

Неговиот клуб моментно е на второто место со 22 бодови, еден помалку од Фросиноне, а пред Кремонезе, Емполи и Венеција кои имаат по 21.

Потсетување, дека Несторовски нема да биде дел од претстојниот пријателски натпревар на 11. ноември во Скопје против Норвешка, после молбата на Зампарини до ФФМ да го ослободи нашиот интернационалец од репрезентативните обврски.

на 12-ти ноември ќе има исто така важен меч за Палермо во борбата за една од позициите кои водат наредната сезона во Серија А, следен противник ќе биде Кремонезе на гостински терен со почеток од 15:00 часот.