Најденов на пробен период во Корона Киелце

Како што и потврдуваат од полскиот клуб, македонскиот интернационалец е на пробен период.

Бојан Најденов, 26-годишниот играч од средниот ред досега беше дел од египетската екипа на Смуха (4 мечеви).

Своевремено беше дел уште од Хоризонт и Работнички (со двата тима играше во квалификациите за Лига Европа), а има и четири настапи за нашата сениорска репрезентација.

Моментно Корона Киелце настапува во најсилната полска лига каде што после 21. коло е на седмото место со 31 бод.