На врвот во Турција: Јаховиќ си даде автогол, па си возврати со хет-трик! (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец дефинитивно се наоѓа во голема голгетерска форма…

Адис Јаховиќ блеска сезонава во редовите на Гезтепе кој денеска во рамките од шестото коло во најсилното турско првенство го совлада Сиваспор со 2:3.

Најпрвин нашиот играч си постигна автогол во 16. минута, но потоа од трагичар испадна повторно херој со реализирање на три погодоци.

Најпрвин израмни во 33-та, потоа пред самата пауза кај домаќините поради црвен картон теренот го напушти Меџани, а од пенал за 1:2 стрелаше од пенал Јаховиќ (45+2).

Во вториот дел Јаховиќ повторно беше прецизен од белата точка во 53. минута, а противникот успеа само да го ублажи својот пораз преку Коне.

На табелата Гезтепе е на делба на првото место со 13 бодови заедно со Галатасарај (меч помалку) и Бешикташ, пред Фенербахче кој има 11.

Нашиот 30-годишен напаѓач веќе има шест гола сезонава и е при самиот врв на листата најдобри стрелци во турската супер елита.