Можеше со Хрватска на СП, но: Адеми не се кае што избра да игра за Македонија!

Нашиот репрезентативец говореше во интервјуто за хрватскиот веб портал „Goal.com/hr“…

Аријан Адеми кој моментно ги брани боите на Динамо Загреб, вели дека и посакува многу победи на Хрватска, освен на дуелите со Македонија.

Истакнува дека не се кае што избрал да настапува за нашата селекција, и покрај тоа што ако одлучеше да игра за „коцкастите“ можеше да биде дел од Мундијалот во Русија оваа година.

Тој момент кога одлучив да настапувам за македонската репрезентација, знаев дека нема да можам повеќе да играм за Хрватска.

На тој начин ги подредив работите во глава и веќе не се оптоварувам со прашањата што би било кога би било“, рече Адеми.

Додава дека неговиот период на суспензија после допингот и казната од УЕФА е веќе зад него, и веќе има желби да постигнува успеси со клубот и репрезентацијата.