Мојсов верен на АЕК Ларнака до 2020 година

Македонскиот интернационалец го продолжи договорот со кипарскиот клуб.

Даниел Мојсов до мај 2020. година ќе ги брани боите на АЕК Ларнака во чии редови настапува и Иван Тричковски.

Да, продолжувам да настапувам за овој клуб, јас сум среќен тука како и моето семејство. Мојата цел е да играм се подобро и подобро, едвај го чекам денот кога ќе прославиме титула заедно со навивачите кои се неверојатни.

Благодарност до претседателот, играчите, стручниот штаб, до сите кои ми ја укажуваат довербата и се надевам дека сезонава ќе бидеме на врвот“, рече Мојсов.

29-годишниот дефанзивец сезонава (трета за него во клубот) има два голови во 16. настапи во најсилното кипарско првенство каде што АЕК Ларнака е моментно на првото место со 37 бодови, пред Анортозис (36).