Мојсов: Ако има понуда од Партизан, со задоволство би ја прифатил! (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец имаше нов гол во кипарското првенство во дресот на АЕК Ларнака и гостинското реми против Анортозис (1:1) пред крајот на првото полувреме за водство.

Ова е дефинитивно најубавиот гол кој сум го постигнал во кариерата и навистина сум среќен. Топката беше таму каде што посакував, се беше добро поставено за да шутирам и овој меч сигурно долго ќе го паметам“, рече Даниел Мојсов за српскиот веб портал „HotSport“.

И покрај тоа што е помеѓу најстандардните во редовите на АЕК скоро редовно е помеѓу најдобрите 11 на тамошната фудбалска лига, споменатиот извор го запраша Мојсов околу тоа дали би посакал на крајот од сезоната да го засили Партизан кој претходно се заинтересираше за нашиот 30-годишен стопер. Тогаш, во периодот од 2010-2012 год. настапуваше за Војводина (55. натпревари, четири голови). Прв човек на клубот од Нови Сад беше Ратко Бутуровиќ, а политиката од тој клуб да не се прави трансфер во „големите“ клубови беше јасна.

Мојсов можеби ја игра една од своите најдобри сезони во кариерата на Кипар каде што има договор до јуни 2020. година, но има желба за нови предизвици.

Ја сакам Војводина, но и да посакав тогаш да се преселам во Партизан, тоа не беше возможно поради јасната политика на клубот. Што да се прави, немаше трабсфер, се говореше и после тоа за интерес од Хумска, но никој директно не ме контактираше. Доколку има понуда од Партизан следното лето или во некој нареден преоден рок, со задоволство би ја прифатил“, истакна централниот бек.