Митревски од Хрватска прави трансфер во Израел! (ФОТО)

Според информациите 26-годишниот централен бек ќе ја продолжи кариерата во Израел.

Македонскиот интернационалец кој поради неисплатени плати ја напушти хрватската екипа на Истра 1961 ќе има нов странски ангажман.

Ристо Митревски како што известуваат израелските медиуми, треба да потпише договор со составот на Хапоел Хаифа после задолжителните лекарски прегледи.

Своевремено Митревски како поранешен македонски У19 репрезентативец, го носеше уште дресот на Работнички, прилепска Победа, Напредок, Тетекс, скопски Металург, Сараево (БиХ) и Доњи Срем (Србија).

Оваа сезона досега после 14 кола Хапоел Хаифа во најсилната израелска лига е на второто место со 29 бодови, еден помалку зад лидерот Хапоел Бе`ер Шева.