Македонските репрезентативци тренираа на Стадио Олимпико во Торино (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија денеска предпладне тренираше на Стадио Олимпико во Торино, каде што утре ќе се среќава со Италија во предпоследниот натпревар од квалификациите за Светското Првенство „Русија 2018“.

Во одлична, но работна атмосфера репрезентативците ги изработија последните подготовки пред натпреварот со четрикратниот светски шампион, а селекторот Ангеловски даде дозвола медиумите да бидат присутни во текот на целиот тренинг.

Попладне од 17:00 часот следува официјалната прес конференција на која ќе присуствуваат селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев.

Италија-Македонија ќе се игра во петок (6. октомври) со почеток од 20:45 минути.

Фото: ffm.mk