Македонски дуел: „Финале“ пред финалето во Купот на Хрватска!

Познати се полуфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Хрватска…

Да потсетиме, трофејот од минатата сезона го брани Риека која во финалето беше подобра од Динамо Загреб.

Токму овие две екипи ќе се сретнат оваа сезона во полуфиналето од куп натпреварувањето после денешната ждрепка во Загреб. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Локомотива и Хајдук.

Во ланското куп финале Риека во Вараждин триумфираше со 3:1 над „модрите“. Сезонава Динамо Загреб двапати триумфираше со 2:0 на Рујевица и 3:1 на „Максимир“.

Полуфиналето се игра само на еден натпревар, тоа ќе биде воедно и македонски дуел, на 28 февруари 2018 год., Риека на Леонард Жута против Динамо Загреб на Аријан Адеми.