Македонија назадуваше за две позиции на ФИФА ранг листата

После нерешените резултати на пријателски натпревари против Азербејџан и Финска…

Македонската фудбалска сениорска репрезентација на најновото рангирање на ФИФА бележи пад од две позиции.

„Црвено-жолтите“ моментно се на 77. место со 441 освоен поен, зад Сирија (423), а пред селекцијата на Замбија (413).

Има промени во првата „десетка“ каде што Белгија скокна за две места и моментно е третопласирана зад водечките Германија и Бразил.

Топ 10

ФИФА ранг листа:

1.Германија 1533 поени
2.Бразил 1384
3.Белгија 1346
4.Португалија 1306
5.Аргентина 1254
6.Швајцарија 1179
7.Франција 1166
8.Шпанија 1162
9.Чиле 1146
10.Полска 1118