Македонија напредуваше за три позиции на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска сениорска репрезентација има нов напредок на најновата денешна објавена ФИФА ранг листа.

Нашата селекција има скок од три позиции и моментно е на делба на 73. место заедно со Уганда со по 446 поени. Се наоѓаме пред Палестина (443), а зад репрезентацијата на Замбија (466).

Да потсетиме, на 24. јануари во Нион ќе ги добиеме противниците во новото натпреварување на УЕФА, „Лигата на нации“, со ривали послабо рангирани на ФИФА.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Македонија на 24 јануари ќе ги дознае ривалите во УЕФА „Лига на нациите“! (ВИДЕО)

Нема промени во првата „десетка“, првопласирана е Германија со 1602 поени, пред Бразил (1483) и Португалија (1358).

Топ 10
ФИФА ранг листа

1.Германија 1602 поени
2.Бразил 1483
3.Португалија 1358
4.Аргентина 1348
5.Белгија 1325
6.Шпанија 1231
7.Полска 1209
8.Швајцарија 1190
9.Франција 1183
10.Чиле 1147