Македонија напредуваше за 18 позиции на ФИФА ранг листата

На денешната најново обајевана ФИФА ранг листа македонската сениорска репрезентација бележи нов голем напредок.

Повторно „црвено-жолтите“ се во топ 100 и моментно се на 85. место со 410 бодови, пред Кипар кој има 409, а зад Палестина (418).

Овој скок од 18 позиции доаѓа после двете последни средби од квалификациите за СП, големото реми во Торино против Италија (1:1) и високиот триумф од 4:0 во Струмица против Лихтенштајн.

Во Топ 10 имаше неколку промени, Франција сега е седмопласирана, Шпанија напредуваше за три позиции, Швајцарија падна за четири места и го зазема 11. место, додека Перу е помеѓу најдобрите 10 фудбалски репрезентации во светот.

Топ 10 ФИФА ранг листа:

1.Германија 1631 поен
2.Бразил 1619
3.Португалија 1446
4.Аргентина 1445
5.Белгија 1333
6.Полска 1323
7.Франција 1226
8.Шпанија 1218
9.Чиле 1173
10.Перу 1160