Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Норвешка!

После завршувањето на мундијалските квалификациски натпревари, наредниот месец нов предизвик за македонската сениорска фудбалска репрезентација.

Информациите велат дека избраниците на селекторот Игор Ангеловски на 11. ноември во Скопје на Националната Арена „Филип Втори“ ќе одигра пријателски натпревар против Норвешка.

„Црвено-жолтите“ се наоѓаат во добра резултатска серија, од јуни (Шпанија, 1:2) немаат пораз, 1:1 одиграа со Албанија и Италија, а победи остварија против Израел (0:1) и Лихтенштајн (4:0).