Македонија ја завршува 2017-та на 76 место на ФИФА ранг листата

Денеска ФИФА ја објави најновата ранг листа на национални сениорски репрезентации..

Македонија остана на 76. место со вкупно освоени 446 поени, пред Сирија (442), а зад Уганда (448).

Дефинитивно нашата селекција оваа година имаше навистина голем скок, после низата лоши резултати се најде дури на 162. место, а годинава во мундијалските квалификации и пријателските натпревари имаше учинок од пет победи, три нерешени и еден пораз.

Во првата „десетка“ немаше никакви промени, останува на врвот Германија со 1602 поени, пред Бразил (1483) и Португалија (1358).

ФИФА Топ 10 ранг листа:

1.Германија 1602 поени
2.Бразил 1483
3.Португалија 1358
4.Аргентина 1348
5.Белгија 1325
6.Шпанија 1231
7.Полска 1209
8.Швајцарија 1190
9.Франција 1183
10.Чиле 1162