Македонија има пет победи, Лихтенштајн само еднаш ни „откина“ бод! (ВИДЕО)

На 9. октомври 2017 год. со почеток од 20:45 часот на стадионот „Младост“ – Струмица македонската сениорска репрезентација ќе го заврши квалификацискиот циклус за СП Русија 2018 против Лихтенштајн.

После големото реми вчера во Торино против Италија (1:1), самодовербата кај избраниците на селекторот Игор Ангеловски е уште поголема, па можно е да очекуваме и наскоро враќање на победите.

Што се однесува до меѓусебните дуели, Македонија излегувала скоро секогаш како победник против Лихтенштајн. Противникот само еднаш успеал да излезе како непоразен и тоа во квалификациите за Европското првенство 2004 год. кога во самиот финиш Стокласа (90. минута) ги израдува своите навивачи, после нашето рано водство уште од осмата минута кога стрелец беше Христов.

-МЕЃУСЕБНИТЕ ДУЕЛИ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ЛИХТЕНШТАЈН-

Квалификации СП 1998

Македонија-Лихтенштајн 3:0 (Милошевски 6, Бабунски 49 пенал, Захариевски 78)

Лихтенштајн-Македонија 1:11 (Шадлер 78/Главевски 8, 12, 60, Христов 23, Стојковски 30, 43, Т. Мицевски 45, 49, Ќириќ 53, 87, В. Мицевски 90)

Квалификации ЕП 2004

Лихтенштајн-Македонија 1:1 (Стокласа 90/Христов 8)

Македонија-Лихтенштајн 3:1 (Седлоски 39 пенал, Крстев 52, Стојков 82/Бек 20)

Пријателски натпревар 2005

Лихтенштајн-Македонија 1:2 (Д`Елиа 33/Балдовалиев 81, Илијоски 90+3)

Квалификации СП 2018

Лихтенштајн-Македонија 0:3 (Николов 43, Несторовски 67, 73)

Македонија-Лихтенштајн ? (9. октомври, 20:45 ч. стадион „Младост“ – Струмица, главен судија: Лорен Коприва (Луксембург)

БИЛЕТИТЕ ЗА ДУЕЛОТ МАКЕДОНИЈА-ЛИХТЕНШТАЈН (9. ОКТОМВРИ, 20:45 Ч. – СТАДИОН „МЛАДОСТ“, СТРУМИЦА) ВЕЌЕ СЕ ВО ПРОДАЖБА, МОЖЕТЕ ДА КУПИТЕ БИЛЕТ ПРЕКУ ПРОДАЖНАТА МРЕЖА mktickets ПО ЦЕНА ОД 100 И 200 ДЕНАРИ.