Македонија до 15 години на турнирот на Нациите во Италија

Македонската репрезентација до 15. години во Италија е дел од турнирот на Нациите на кои учествуваат 16-те репрезентации поделени во четири групи.

Нашите млади фудбалери се дел од групата А во која се уште и домаќинот Италија, САД и Хрватска. Во Б групата се репрезентациите на Англија, Јапонија, Обединетите Арапски Емирати и Чешка.

Ц групата на сочинуваат селекциите на Словенија, Русија, Мексико и Романија, додека во последната Д група се Австрија, Португалија, Норвешка и Коста Рика.

Првиот меч го играме против Хрватска на 25. април со почеток во 18:00 часот.