Македонија денеска во Лозана ги дознава противниците во УЕФА „Лига на нации“! (ВИДЕО)

Најдобрата репрезентација на Македонија е во групата на носители за првото издание на Лигата на нации.

Новото натпреварување на УЕФА ќе се игра во термините предвидени за пријателски натпревари, а ќе учествуваат 55 репрезентации од Европа, поделени согласно коефициентот на УЕФА.

На извлекувањето во Лозана денеска (24. Јануари) со почеток од 12:00 часот македонската селекција ќе добие противници кои се послабо рангирани на ФИФА листата.

Нашиот најдобар национален тим ќе биде во првиот барабан со селекциите на Азербејџан, Белорусија и Грузија. Потенцијални ривали од вториот барабан се Ерменија, Летонија, Фарски Острови и Луксембург. Во третиот барабан се наоѓаат: Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн и Малта, а во четвртиот се: Андора, Косово, Сан Марино и Гибралтар.

Сите 55 учесници кои ќе бидат распределени во четири лиги. Четирите победници од секоја група во четирите лиги продолжуваат во плеј-оф каде ќе се борат за пласман на Европското првенство.

Лига на нации започнува на 6. септември 2018 година, а групната фаза ќе трае до 20. ноември. Четири репрезентации преку новото натпреварување на УЕФА ќе се квалификуваат на ЕП 2020.