Македонците Мојсов и Тричковски ја најавија „голеадата“ на АЕК Ларнака! (ВИДЕО)

Нов триумф оваа сезона за АЕК Ларнака во најсилното кипарско фудбалско првенство…

Пред своите гледачи убедливо со 4:0 ја совлада екипата на Докса за вкупно 14. триумф во шампионатот и моментно четврто место со 46 бодови и обезбеди пласман во следната шампионска група каде што тимовите ќе се борат за титулата.

Се беше решено уште во првото полувреме кога „голеадата“ ја најавија македонските интернационалци, најпрвин Даниел Мојсов донесе водство уште во втората минута, а на 2:0 зголеми Иван Тричковски во 11-та мин.

Во 35-та Ба си постигна автогол, а конечниот епилог беше поставен во 43. минута преку Катала, а можеби и мал придонес во тој погодок имаше и Тричковски.

ГОЛОТ НА МОЈСОВ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 00:19 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ –

ГОЛОТ НА ТРИЧКОВСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 01:40 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ –