ЛШ, У19: Стоименовски и Карабах со победа над Атлетико Мадрид

Изненадувачки триумф во рамките од четвртото коло на младинската Лига на шампионите за играчи до 19. години.

Откако во претходното трето коло Атлетико Мадрид убедливо славеше и тоа како гостин со 1:5, на возвратниот дуел беше шокиран, откако дома загуби од Карабах со 1:0.

Целиот меч за азербејџанскиот состав го одигра македонскиот младински репрезентативец Оливер Стоименовски. Единствениот гол се случи во 45. минута преку Украинецот Деда.

Сега Карабах останува со теоретски шанси за најверојатно второто место кое води во плеј-офот од 1/16 финалето. Во следното претпоследно коло на 22. ноември ќе го пречека Челзи.

На табелата после четири кола води Челзи со девет бодови, пред Рома и Атлетико Мадрид со по шест, последен е Карабах со три.