ЛШ: Ристовски вечерва стартер против Јуве – ќе ги запира налетите на Дибала, Манџукиќ, Игуаин…!

Денеска во рамките од четвртото коло во групата Д во Лисабон во Лигата на шампионите со почеток од 20:45 часот силите ќе ги одмерат Спортинг Лисабон и Јувентус.

Тренерот Жезуш одлучи да му даде шанса на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски да настапи од првата минута во обид да ги запре сите налети на италијанскиот шампион.

На табелата во групата Д после три кола води Барселона со девет бодови, пред Јувентус со шест, Спортинг има три и Олимпијакос без бодови.

За прв пат сезонава Ристовски ќе биде стартер за португалската екипа, претходно настапи од 87. минута во гостинскиот триумф од 2:3 кај Олимпијакос, а не беше во составот во домашниот минимален пораз (0:1) од Барселона.

Спортинг Лисабон-Барселона (20:45 ч.)

Спортинг Лисабон: Патрисио, Пинто, Коатес, Ристовски, Силва, Баталја, Сезар, Акуња, Фернандеш, Мартинс, Дост.

Јувентус: Буфон, Де Шилјо, Барѕаљи, Кјелини, Алекс Сандро, Пјаниќ, Кедира, Куадрадо, Дибала, Манџукиќ, Игуаин.