„Лига на нации“: УЕФА потврди, Македонија ќе игра во последната Лига Д! (ФОТО)

Како што и се очекуваше македонската сениорска фудбалска репрезентација ќе игра во четвртиот последен ранг од новоформираната УЕФА Лига на нациите.

Ова ново натпреварување ќе стартува во септември 2018. година, додека околу победникот ќе се одлучува до јуни 2019. година.

Европските репрезентации се поделени во четири лиги (А, Б, Ц, Д), а нашата селекција се наоѓа во Лигата Д.

Лига Д

Азербејџан, Македонија, Белорусија, Грузија, Ерменија, Летонија, Фарски Острови, Луксембург, Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн, Малта, Андора, Косово, Сан Марино, Гибралтар.

Како што известуваат од европската куќа на фудбалот, репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи од по четири репрезентации и победниците од секоја група ќе се искачи еден ранг повисоко, односно во Лигата Ц за изданието 2020.

Четирите најдобропласирани репрезентации кои нема да се квалификуваат за ЕУРО 2020, ќе играат бараж, а победникот ќе обезбеди пласман на континенталниот собир.

Во новото натпреварување ќе учествуваат 55 репрезентации, а во елитниот ранг, односно Лигата А ќе играат најдобрите европски репрезентации.

Германија, Португалија, Белгија, Шпанија, Франција, Англија, Швајцарија, Италија, Полска, Исланд, Хрватска и Холандија ќе бидат поделени во четири групи од по три репрезентации, а победниците ќе играат на Фајнл-фор. Четири најслабо пласирани репрезентации ќе одат во понизок ранг, односно Лигата Б.

Лигата Б исто така состои 12 репрезентации (Австрија, Велс, Русија, Словачка, Шведска, Украина, Република Ирска, Босна и Херцеговина, Северна Ирска, Данска, Чешка и Турција), а четирите победници ќе изборат пласман во повисок ранг, а четирите најслаби во Лигата Ц.

Во Лигата Ц се наоѓаат Унгарија, Романија, Шкотска, Словенија, Грција, Србија, Албанија, Норвешка, Црна Гора, Израел, Бугарија, Финска, Кипар, Естонија и Литванија. Тука ќе има една група од три репрезентации и три групи со по четири репрезентации, а победниците ќе напредуваат во повисок ранг, односно Лига Б.

Според најавите Фајнл-фор завршницата од УЕФА Лигата на нациите ќе се одржи во периодот од 5-9 јуни 2019 год.

СПОРЕД НАЈАВИТЕ ЖДРЕПКАТА ЗА ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ГРУПИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖИ НА 24. ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА ВО ЛОЗАНА!