Лига на нации: Отвораме против Гибралтар на гости, следува Ерменија на домашен терен!

Најдобрата македонска репрезентација првиот натпревар во Лигата на нации на УЕФА ќе го одигра на 6. септември против Гибралтар на гостински терен.

На 9. септември првиот домашен натпревар го играме против Ерменија. На 13. октомври ни доаѓа Лихтенштајн, а три дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.

Ноемвриските пресметки ги играме на 16. и 19. ноември. Прво гостуваме во Лихтенштајн, а натпреварувањето го затвораме дома против Гибралтар.

УЕФА 2018/2019

Лига на нации/Лига Д (Група Д4)

Распоред на натпревари во 2018. година:

6 септември: Гибралтар – Македонија
9 септември: Македонија – Ерменија
13 октомври: Македонија – Лихтенштајн
16 октомври: Ерменија – Македонија
16 ноември: Лихтенштајн – Македонија
19 ноември: Македонија – Гибралтар