Лига Европа: Вардарци пристигнаа во Шпанија

Експедицијата на Вардар попладнево стигна во Сан Себастијан, на северот на Шпанија каде што утре ќе го игра натпреварот од 4. коло од групата „Л“ во Лигата на Европа против Реал Сосиедад.

После тричасовен лет, Вардарци слетаа во Шпанија и сега следува мал одмор пред вечерашниот тренинг во 19 часот. Половина час претходно ќе се одржи и официјалната прес конференција на стадионот „Аноета“.

Натпреварот Реал Сосиедад и Вардар се игра во четврток (02.11.2017) со почеток во 21:05 часот. Реал Сосиедад во моментов има шест бодови на табелата, додека Вардар и натаму ги чека првите бодови во групната фаза.

Фото: fkvardar.mk