Лига Европа: Вардар го одработи официјалниот тренинг на „Аноета“ (ФОТО)

Екипата на Вардар синоќа го одржа и последниот тренинг на стадионот „Аноета“ во Сан Себастијан, пред денешниот натпревар од четвртото коло во групната фаза од Лигата на Европа. 

Избраниците на Чедомир Јаневски имаа можност да го почувствуваат тревникот на теренот на кој што се играат натпревари од шпанскиот шампионат, и да ги направат последните подготовки пред новиот предизвик на меѓународната сцена.

Натпреварот помеѓу Реал Сосиедад и Вардар ќе се игра со почеток во 21:05 часот.  Фотографии од официјалниот тренинг на „црвено-црните“ на следниот ЛИНК.

Фото: fkvardar.mk/Денис Дуковски