Лига Европа: Стартните состави на Вардар и Розенборг!

Вечерва од 21:05 часот македонскиот шампион ќе го игра својот последен шести натпревар од групата Л во дебитантската сезона од Лига Европа.

За Вардар ова е најголемата шанса да ги освои конечно првите бодови во УЕФА натпреварувањето, противник на избраниците на тренерот Чедомир Јаневски е норвешкиот клуб Розенборг.

Во продолжение стартните состави на двете екипи, како и резервните играчи.

Вардар: Гачевски, Муслиу, Грнчаров (капитен), Блажевски, Николов, Барсегјан, Глигоров, Новак, Демири, Итало, Фелипе.

Резерви: Алексовски, Џигаури, Марковиќ, Велкоски, Стојчевски, Исени, Петковски.

Розенборг: Хансен (капитен), Хеденстад, Мелинг, Региниусен, Расмусен, Бендтнер, Трондсен, Скјелвик, Герсбах, Конрадсен, Адегбенро.

Резерви: Остбо, де Ленлеј, Леви, Лундемо, Јевтовиќ, Ботхејм.