Лига Европа: Познати стартните состави на Зенит и Вардар!

Вечерва на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург, Зенит ќе го пречека тимот на Вардар.

Ова ќе биде само втора меѓусебна пресметка на овие два тима, откако првата во Скопје заврши со убедлив триумф на рускиот тим со 5:0.

Мечот од петтото коло во групата Л на стадионот во Санкт Петербург започнува во 19:00 часот, а овој ќе биде втор пат во историјата „црвено-црните“ да одиграат еден натпревар на затворен стадион.

Прв пат Вардар играше на затворен стадион во 2013 година во рамките од Лигата на шампионите против Стеауа Букурешт, кога „Националната Арена“ во овој град беше со затворен покрив за време на дуелот.

Во меѓувреме објавени се и стартните состави на Зенит и Вардар:

Зенит: Лодигин, Терентјев, Полоз, Ригони, Нобоа, Шатов, Жирков, Ерохин, Дзујба, Мевља, Мамана.

Вардар: Гачевски, Грнчаров, Џигаури, Марковиќ, Николов, Барсегјан, Хамбарџумјан, Новак, Демири, Итало, Фелипе.

Резерви: Алексовски, Муслиу, Блажевски, Велкоски, Глигоров, Стојчевски, Петковски.

Фото: fkvardar.mk