Лига Европа: Ќе биде ли наполнета Арената на мечот Вардар-Реал Сосиедад?

Фудбалскиот клуб Вардар со соопштение до јавноста пред утрешниот нов трет натпревар од Лига Европа против Реал Сосиедад (19:00 часот).

Македонскиот шампион посакува да се наполни Арената „Филип Втори“ во Скопје, во обид да им се даде спортска поддршка на „црвено-црните“.

Останува уште само еден ден до стартот на големиот натпревар, на натпреварот во кој што Вардар ќе го пречека составот на Реал Сосиедад. Остануваат уште неколку часа да набавите билет и да дојдете на стадионот утре, да му дадеме поддршка на нашиот тим во обидот да стигне до првите бодови во групата „Л“ од Лигата на Европа.

Сонувавме за европски Вардар, сега сонот стана стварност. Време е да бидеме дел од историјата, да бидеме на трибините и сите со спортско навивање да ги бодриме црвено-црните фудбалери. Тие на крајот да ни донесат радост и победа од овој натпревар.

Со оглед дека и овој натпревар ќе биде под будното око на УЕФА, уште еднаш замолуваме на фер, коректно и спортско навивање од трибините. Да нема недолично скандирање, да нема извици на национализам и расизам, да нема навредливи пароли.

Дојдете порано на стадионот. Вратите се отвораат во 16:30 часот, а се затвораат во 18:30 часот. Завземете го своето место, навивајте за Вардар и уживајте во натпреварот“ – ФК ВАРДАР.

Цената за блоковите 1, 6, 7, 8, 9, 10, 13, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30 изнесува 600 МКД.

За блоковите 2, 5, 14, 18, 20 и 24 билети се продаваат по цена од 900 МКД.

Билет за блоковите 3, 4, 15, 16, 17, 21, 22 и 23 чини 1.200 МКД.

Единечни билети за натпреварите од Лигата на Европа може да купите на следните продажни места:

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Метро Аеродром Александар Велики

Билетарница во С.Ц. „Јане Сандански“: секој работен ден од 10 до 18 часот.

КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс; Метро,

СТРУМИЦА: Скала Травел;

ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;

ГОСТИВАР: Метро 1, Метро 4

ТЕТОВО: Метро

ПРИЛЕП: Т.А. Бран;

ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;

КОЧАНИ: Радио Кочани;

КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;

ВЕЛЕС: Унисон.

Фото: fkvardar.mk