Лига Европа, Фелипе: Мораме да се извлечеме од оваа лоша ситуација!

„Црвено-црните“ ќе има нова шанса да дојдеме до првиот или првите историски бодови во групната фаза во Лига Европа утре со почеток од 21:05 часот.

Македонските шампиони Вардар не само што пред себе ќе имаат нова тешка задача, туку и се наоѓаат во лоша резултатска криза во домашното првенство на последните неколку натпревари и борбата за шампионската титула станува се потешка.

Фудбалерот на Вардар, Хуан Фелипе:

Се надеваме дека ќе се прикажеме во едно добро светло, пред нас имаме нов тежок меч, противникот има голем квалитет.

Ќе биде тешко, но мораме да играме и ќе се обидеме да се извлечеме од оваа лоша ситуација“.

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски:

Имаме уште три натпревари и сакаме да покажеме подобри резултати. Свесни сме за квалитетот на Реал Сосиедад, но од наша страна утре треба бидеме физички многу посилни.

За прв пат учествуваме во групна фаза на УЕФА натпреварување, мораме да бидеме многу добро подготвени за настапите во групната фаза.

Сакаме да го покажеме најдоброто од нас и воедно да го подобриме впечаток од претходните мечеви“.